Често поставувани прашања

Кратки одговори како работи Визитка, пакетите, домените и плаќањата.

Што е Визитка и како да почнам?

Визитка е дигитална услуга. Се регистрираш, избираш пакет, па правиш дигитална визитка, страница или продавница и го споделуваш линкот. Не ти треба свој хостинг или код.

Кој пакет ми треба?

Web Vizitka е дигитална визитка на imeto.vizitka.mk. Web Vizitka Pro додава кастом домен. Веб Продавница Старт е продавница со до 20 производи. Веб продавница е продавница со до 100 производи и кастом домен. Ако ти треба custom професионална страна, пиши ни од страницата со цени.

Може ли да го пренесам постоечкиот сајт тука?

Не. Не увезуваме и не пренесуваме готов сајт во Визитка. Ако сакаш веб визитка според постоечкиот сајт, пиши ни. Можеме да ја изработиме во рамки на она што го нудиме.

Може ли да користам свој домен?

Секој пакет добива линк како imeto.vizitka.mk. Кастом домен како www.tvoetoime.mk или .com има кај Web Vizitka Pro и Веб продавница. Доменот си го регистрираш и плаќаш сам. Потоа го додаваш во админ само ако твојот пакет вклучува персонализиран домен.

Колку сајтови можам да креирам одеднаш?

Колку што ти требаат. Секој сајт е посебен. Една регистрација и еден пакет прават еден сајт. За нов сајт се регистрираш повторно и избираш пакет за тој сајт.

Како плаќам и како да ве контактирам?

Плаќањата одат преку Paddle. Не го земаме бројот на картичката. Можеш да откажеш кога сакаш. За прашања користи ја страницата за контакт. За custom страна според постоечкиот сајт, пиши ни од страницата со цени.

Не го најде одговорот? Контактирај не овде